Следете нè на:

Некатегоризирано

Секција – Млади хемичари

Како задолжителен предмет, хемијата е застапена со два часа неделно.

Настава се одржува во кабинетот за природно-математички науки, каде се наоѓаат нагледни средства, лабораториски прибор, хемикалии, модели на атоми, молекули, јони како и  ученички изработки и проекти кои имаат задача да  им ја „приближат“ хемијата на учениците, бидејќи често пати егзактноста на хемијата како наука, содржи и материја што е доста апстрактна, а  за поимите кои се изучиваат, на пример атомот, за него  ученикот ја има онаа претстава  која  ќе ја формира, создаде,  во мислите.

Oвие нагледности се максимално вклучени и искористени на часовите, со акцент за тоа дека целта на експериментот во наставата по хемија како дидактичко средство се работи, се изведува, со цел да им помогне на учениците полесно да ја совладаат материјата,  на добар дел од учениците тоа е забавниот дел од часот :), бидејќи секогаш нешто пука, чади, гори…..

Покрај редовната настава, се одржува и дополнителна и додатна настава по хемија како и секцијата на младите хемичари во која членуваат ученици кои покажуваат интерес кон хемијата, особено кон експериментот и истражуавњето.

Според посебна програма се работи на часовите за додатна настава по хемија каде членуваат мал број на ученици со кои интензивно работиме  преку целата година и притоа постигнуваме забележителни резултати на натпреварите кои се организираат. Оваа година ученикот Јован Петрески  од IXг одд. го освои првото место на државната олимпијада која беше организирана од приватниот колеџ Јахја Кемал од Скопје. Со Јован интензивно продолжуваме со работа подготвувајќи се за престојниот натпревар организиран од народна техника. Позначајни успеси на нашите хемичари кои можат да се издвојат во последните 3-4 години се седните:

 Стефан Неделкоски – второ место на државната олимпијада

Марија Темелкоска, Матеја Илиеска и Андреа Трпаноска – пофалница за освоено   од четврто до десетто место на државната олимпијада

Давор Василески – освоено прво место на регионалниот натпревар на народна техника и трето на државниот

Марио Нанески – освоено второ место на народна техника (регионален)

Андреа Трпаноска – освоено второ место на народна техника  (регионален)

Англа Кочоска – освоено второ место на државната олимпијада, прво место на  народна техника (регионален) и трето на државниот….. и се додека има ученици кои ја сакаат хемијата, ќе има и успеси.11130506 10205054106529962 1291249464 n11131780 10205054104329907 82483296 n

11117402 10205053957086226 1808958569 n

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Некатегоризирано