Следете нè на:

Некатегоризирано

Ноември месец на науката

uyguyg

На научниот настан “Ноември месец на науката”, организиран од “Друштвото на физичари на РМ” кој се одржа на 12 и 13 ноември, учество зедоа Хемичарите од нашето училиште, предводени од нивниот наставник Кети Иваноска. Целта на настанот е промовирање на природно-математичките науки и научните истражувања. Нашите млади научници-хемичари, за настанот интензивно се подготвуваа и со своите експериментаторски вештини ги освоија членовите на комисијата и постигнаа врвни резултати: Стефана Џамбазовска и Делфина Апостолоска освоија ПРВО место во хемиски демонстрации, Бојана Кузманоска освои ВТОРО место во хемиски демонстрации и ВТОРО место на тест на знаење.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Некатегоризирано