Следете нè на:

Некатегоризирано

Брошура за училиштето

Најопшти податоци за училиштето

Основното општинско училиште „Гоце Делчев“ се наоѓа во реонот на М.З. Гоце Делчев – Прилеп и успешно го извршува воспитно-обрзовниот процес веќе  40 години во простории и просторни услови кои ги задоволуваат нормите и потребите за непречено изведување на наставата.

Името го добило по револуционерот Гоце Делчев и во негова чест на 4 мај го прославуваме нашиот патронен празник. Во составот на ООУ „Гоце Делчев“ работи и подрачна паралелка во с. Големо Радобил каде наставата се изведува во комбинирана паралелка во зграда соодветна за таа намена. Со цел да им се излезе во пресрет на родителите кои поради секојдневните обврски поминуваат кратко време со своите деца и чувствуваат потреба тие да бидат згрижени, во рамките на училиштето, во соодветно опремен простор и со соодветен наставен кадар во учебната 2009/10 започна со работа продолжен престој. Активностите во продолжениот престој се воспитно-образовни и рекреативни, во рамките на следните подрачја: учење и самостојна работа на учениците, решавање на домашните задачи, природно-научни, култур-но-уметнички и други активности. Содржината на активнос-тите е тесно поврзана со редовната настава, слободните активности и другите видови на воспитно-образовна работа.

Вкупниот број на ученици во оваа учебна 2014/15 година изнесува 806 ученици, од кои во одделенска настава 438, а во предметна 369 ученици распоредени во 35 (34+1) паралелки. Учениците од прво, второ и трето одделение се оценуваат описно, во четврто, петто и шесто комбинирано (описно и бројчано) и од седмо до деветто одделение бројчано. Наставата ја реализираат 48 наставник од кои 20 во одделенска настава и 28 во предметна настава. Директор на училиштето е Трајче Каралиоски, а негови стручни соработници се заменикот директор, психолог, дефектолог, педагог и библиотекар.

 

Постигнати позначајни резултати

Општиот успех на ниво на училиште за минатата учебна година изнесуваше 4,09.

Добиени се голем број на награди и признанија мегу кои се: Општински – шест први , пет втори , две трети места;Регио- нални – единаесет први, седум втори, седум трети места; Државни – седум први, десет втори, осум трети места; Меѓународни – четири први, две втори, дванаесет трети мес та, дваесет и пет пофалници. На Државен натпревар по ан-глиски јазик /Spelling bee/ три ученици влегоа групата од десет најдобри. Двајца ученици на државниот натпревар по математика добија право на учество на Математичка олим-пијада. На Државната изложба на детски ликовни творби во организација на НУ Центар за култура во Битола на тема “Народната култура како трајна инспирација во моето тво-рештво” беа одбрани и изложени шест ликовни творби од различни одделенија и наставници –ментори, 39 ученици кои бeа вклучени во два проекти преку е – Твининг акција од подпрограмата Комениус од програмата Доживoтно учење добија сертификати со европски знак за квалитет. Активностите се спроведуваа во соработка со училишта од поголем број европски држави на англиски и француски јазик. Во училишни натпревари по разни поводи учествуваа повеќе од шестотини ученици од кои повеќе од двестa се наградени со пофалници и благодарници на крајот од учебната година. Пет први, две втори, две трети места се дибиени на мегуучилишни натпревари по разни поводи. Добиени се повеќе награди и од спортски меѓуучилишни натпревари. Оваа учебна година на Ревијалната вечер на програми по повод Детски смотри на училиштата од градот Прилеп нашето училиште ја доби третата награда. На натпреварот за најучилиште во организација на локалниот весник „Зенит” изборот на најпаралелка од училиштата во градот беше од ООУ ”Гоце Делчев”. За подготвена драматизација преку драмската и историската секција во училиштето во рамките на проектот “Музеите во училиштата и училиштата во музеите “во организација на Завод и музеј – Прилеп добиена е трета награда.

За стручното и педагошкото усовршување на директорот, стручната служба и наставниците користени се повеќе можности преку посета на семинари и обуки, користење на теоретски и практични примери на примена на современи форми, методи и средства во наставата односно преку воведување на нови стратегии во воспитно – образовниот процес. Училиштето е вклучено во релизација на повеќе проекти: Јазична писменост, Математика со размислување, Со читање до лидерство, Е-пристапно образование (асистивна технологија), Меѓуетничка интегра-ција во образованието.

Мисија

 

Ние сме динамично училиште кое го поддржува, следи,проверува,оценува напредокот и постигањата на учениците преку активна комуникација со нив и нивните родители и примена на современи образовни технологии. Развиваме интерактивни активности мегу учениците од различни етнички групи во духот на почитување и прифаќање на разликите, толеранција и право на еднаквост.

Визија

 

Ние сакаме училиште во кое учениците и возрасните ги споделуваат идеите,знаењето,искуството и мислењето.Со континуирано вложување во стимулативна и креативна средина на учење ги развиваме индивидуалните потенцијали на учениците. Преземаме акции децата и младите да станат одговорни грагани во Р. Македонија кои успешно ке живеат и заеднички ќе придонесуваат со различните етникуми за напредокот на општеството во кое живеат..

 

Организација на воспитно-образовната дејност во училиштето

 

Организацијата на воспитно-образовната дејност во училиштето е во согласност со Законот за основно обра-зование и наставните планови и програми на БРО. Наставата во нашето училиште се реализира во две смени. Претплад-невната смена започнува со работа од 7.15 часот за учени-ците од петто до деветто одделение и од 8.00 за учениците од прво до четврто одделение. Попладневната смена започнува со работа од 13.00 за сите ученици. Наставниот час трае 40 минути.

Воспитно-образовната дејност во училиштето ги опфаќа следните подрачја:

  • Настава
  • Дополнителна и додатна настава
  • Воннаставни активности
  • Грижа за здравјето на учениците
  • Интеграција на заштитата на животната средина
  • Соработка со локалната средина
  • Следење и вреднување на воспитно-образовната работа
  • Стручно педагошко усовршување на воспитно-обра-зовниот кадар.

Наставната година започнува на 1 септември 2014г. и завршува на 10 јуни 2015г. Во текот на наставната година се остваруваат најмалку 180 наставни денови. Наставната година ја сочинуваат две полугодија.Првото полугодие започнува на 1 септември 2014г. и завршува на 31 декем-ври 2014г., а второто полугодие започнува на 19 јануари 2015г. и завршува на 10 јуни 2015г. Во текот на учебната година се организира зимски и летен одмор за учениците. Зимскиот одмор трае од 1 јануари 2014г. до 19 јануари. 2015г. Летниот одмор трае од 11 јуни 2015г. до 31 август 2015г.

 

Права на учениците

 

  •   Ученикот има право да ја посетува наставата и да учествува во воспитно-образовната работа што ја организира училиштето.
  •  Ученикот од здравствени причини може да биде ослободен во одделни активности во наставата, врз основа на докумен-тација издадена од соодветна здравствена организација.
  •  Ученикот може да отсуствува од наставата ако неговото отсуствување родителот го најаво однапред во учи-лиштето,но не повеќе од пет дена во наставната година
  •  На ученикот кој наполнил 16 години му престанува обврската за редовно основно образование со истекот на учебната година (по исклучок може да продолжи до навршување на 17 год).
  •  Ученикот и родителите имаат право на образложение на оценката од страна на наставникот.
  •  Ако ученикот или родителот не е задоволен од годишната оценка, родителот има право во рок од три дена од денот на соопштувањето на успехот да поднесе писмен приговор до наставничкиот совет на училиштето кој треба да биде образложен.
  •  Ученикот кој поради болест или поради оправдани или неоправдани причини не ја посетува наставата најмалку една третина од фондот на наставните часови, полага одделенски испит.
  •  Ученикот кој има одличен успех и посебно се истакнува со способност, знаење и работни навики може побрзо да напредува.

Обврски на учениците

 

  •  Учениците имаат обврска редовно да ја посетуваат нас-тавата и да ги исполнуваат планираните обврски и задачи што се предвидени со наставниот план и програма и годишната програма за работа.
  •  Учениците имаат обврска редовно и навремено да при-суствуваат во училиштето и часовите.
  •  Да го почитуваат редот и мирот во училиштето.
  •  Да изразуваат почитување и меѓусебна соработка со другите ученици и вработените во училиштето.
  • Да се стремат кон свое лично самоусовршување, да напре-дуваат во учењето и да се изградуваат во морални и хумани личности.
  •  Грижата за личната и општата хигиена во училиштето и училишниот двор да биде редовна навика на секој ученик.
  •  Задолжително да ја носат униформата, чиста и уредна.
  •  Учениците да се заштитуваат себеси и другите не вне-сувајќи опасни предмети во училиштето, не користејќи цигари, алкохол и други наркотични средства.
  • Навреме да ги информираат своите родители за актив-ностите во училиштето и за своето напредување или проблеми во него, своите одделенски раководители, дирек-торот и педагошко-психолошката служба, доколку забеле-жат некоја штета во училиштето.
  •  Да не носат во училиште мобилни телефони.
  •  Редовно да ги подмируваат своите парични обврски кон училиштето.
  •  Доколку ученикот ги оштети добиените учебници и информатичко-компјутерската технологија, ќе треба родите-лот-старателот да плати оштета соодветно со правилни-кот,записниците и ценовникот добиен од МОН.

 

Кон ученикот кој не ги извршува обврските и ги повредува правилата на воспитно-образовната работа се применуваат педагошки мерки кои се пропишани со Законот и Статутот: укор, усна опомена, писмена опомена, намалување на поведението, преместување на ученикот во друга паралелка или во друго основно училиште.



Септември 2014 година

 

 

ООУ„ГОЦЕ  ДЕЛЧЕВ“

ПРИЛЕП

 

 


Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Некатегоризирано