Од 01. до 23 март, 2014 година, во Народниот театар „ Војдан Чернодрински “ во Прилеп, ќе се одржи за прв пат шоуто „ ПП-Фактор “. Организатори на настанот се Интернационалниот детски музички
фестивал„ Ѕвездички “ и Општина Прилеп .Цел на „ ПП- Фактор“ е да се изберат најдобрите деца и младинци пејачи кои во текот на оваа и наредната година ќе го претставуваат Прилеп и Македонија на големи Меѓународни фестивали низ светот, а најдобрите ќе настапат во Москва.Изборот на најдобрите пејачи ќе се изведе во три циклуси. Првиот циклус или АУДИЦИЈА, ќе се одржи од 01 до 07 март за основните училишта, а од 08 до 12 март за средните училишта. Оние кои ќе го поминат првиот циклус ,ќе се пласираат за ПОЛУФИНАЛЕ ,кое ќе се одржи на 15 март за основците и на 16 март за средношколците.Најдобрите од вториот циклус влегуваат во ФИНАЛЕ , кое ќе се одржи на 22 март , за основците , и 23 март, за средношколците.За да се изберат навистина најдобрите пејачи, ќе се оформи професионална жири комисија , составена од професори и музичари од градот.За најдобрите пејачи, Градоначалникот на Општина Прилеп ќе ги покрие трошоците за песна од познат автор за учество на „ Ѕвездички 2014 “, како и авионски карти за настапот во странство и за основците и за средношколците.Очекуваме дека со заеднички сили и помош ќе успееме да ги избереме и наградиме нашите најдобри деца-пејачи , кои достојно ќе го претстават Прилеп и Македонија на големите фестивали низ светот.
АУДИЦИЈАТА за ООУ „ Гоце Делчев “ – Прилеп ќе се одржи на 03.03. 2014 во 19 : 00 ( Народен театар- В. Чернодрински )