Вести и настани

Заедно празнуваме и се радуваме

Published on

Заедно празнуваме и се радуваме – насмевка на лицето и љубов во срцето!

Најмладите ученици од нашето училиште, првачињата, добија новогодишни пакетчиња од Градоначалникот на нашата Општина Борче Јовчески и претставниците од Локалната самоуправа. Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници нашите првачиња водени од своите одделенски раководители подготвија прекрасна приредба со разновидни изведби – рецитации, песнички, музичко-сценски изведби.

Со новогодишно украсени облеки го надополнија новогодишниот празничен декор околу нив. Веселата атмосфера ја поддржаа родителите и другите присутни гости на програмата, а новогодишната програма беше збогатена со настапот на училишниот оркестар.

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM