Вести и настани
Воннаставни активности по предметот Музичко образование
Во рамки на воннаставните активности по предметот Музичко образование учениците од 9 то одделение под раководство на наставникот Љупчо Мирчески имаа можност да присуствуваат на несекојдневен настан.
На 13.03.2026 год. во Македонската опера и балет во Скопје беше изведена операта “Мадам Батерфлај” од композиторот Џакомо Пучини во кој учениците со огромно внимание и љубопитност уживаа во маестралната изведба на прекрасните звуци на оваа популарна опера.
Голема благодарност до директорката Снежана Котева која овозможи учениците поблиску да се запознаат со ова фантастично музичко-сценско дело.