Вести и настани

ВО СПЛИТ! “ТИГРИЦИ” И ОДБОЈКАРИТЕ НА ПЕСОК “ПОЛЕТАА” КОН МЕЃУНАРОДНАТА ПOБЕДА! 

Published on

Со пехарот во раце и огромна гордост во срцата, нашите шампионки – екипата „ТИГРИЦИ“ под менторство на наставникот Кире Стефаноски официјално заминаа за Сплит, Хрватска!

По фантастичната победа над екипата на „Њу Старс“ на Државното првенство во рамките на Плазма Спортските игри за млади и освоеното 1 во место во Coca-Cola Cup 2011 (женска конкуренција), нашите девојки го заслужија правото да ја претставуваат нашата општина Прилеп и нашата Македонија на големата меѓународна завршница!

Од 17 до 22 август во Сплит, „Тигрици“ ќе ги одмерат силите со најдобрите екипи од регионот. СИЛЕН АДУТ И ВО ОДБОЈКА НА ПЕСОК!

Покрај фудбалските шампионки, Македонија и Прилеп во Сплит ќе имаат одлични претставници и на песочните терени!

Сребрени со златен сјај – Двајца наши талентирани ученици во дисциплината одбојка на песок, под менторство на нивниот наставник Мартин Митрески, изборија пласман за Сплит откако освоија високото 2ро место на Државното првенство во рамките на Плазма Спортските игри за млади Coca-Cola Cup 2011. Со својата одлична спремност, борбеност и тимска игра, оваа двојка е подготвена да го даде максимумот на песокот и да ги одмери силите со најдобрите одбојкарски таленти од регионот.

Им посакуваме многу среќа, борбеност и тимски дух на сите наши учесници во двете дисциплини. Оставете го срцето на терен — сите навиваме за вас!

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM