Вести и настани

Во посета на Народниот театар „Војдан Чернодрински“

Published on

Учениците од VII в и VII г одделение од нашето училиште, како дел од часот по изборниот предмет “Театар – уметност на емоции”, беа во посета на Народниот Театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Учениците имаа можност да ѕирнат зад сцената и да ја откријат магијата што се случува пред, за време и по изведбите на претставите. Учениците ја посетија собата за шминкање, реквизиториумот, бифето, репетиционата просторија, бекстејџот, техникиот дел и главната сцена.

Посетата на театар е прекрасен начин за културно и емоционално збогатување, а нашите учениците ја имаа таа чест благодарение на раководителот на тетатарот, Михајло Миленкоски и глумецот Илија Волчески, кои ги „отворија“ вратите на театарот и ги водеа учениците низ волшебно „патување“.

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM