Вести и настани
Во чест на патронот Гоце Делчев
Во чест на патронот Гоце Делчев, учениците засадија 50 садници фотинија, придонесувајќи за разубавување на училишниот двор и развивање на еколошката свест. Оваа симболична акција е дел од активностите по повод одбележувањето на патрониот празник на училиштето, со која учениците изразија почит кон делото и идеалите на Гоце Делчев. Садењето на фотинијата, декоративно растение познато по својата црвеникава боја и отпорност, има за цел да внесе живот, боја и свежина во училишната околина. Како дел од одбележувањето, во училишниот двор и хол беа поставени и цитати од Делчев, изработени од учениците.
Неговите мисли не се само дел од историјата, туку се живо сведоштво за вредности што и денес треба да нè водат: слобода, човечност, солидарност, просвета и љубов кон татковината.Ученици од ликовната секција ликовно се изразија по повод патрониот празник.
– Училишен хол исполнет со креативност.