Вести и настани
Велигденски базар
Со голема радост и празничен дух го одбележавме Велигденскиот базар во нашето основно училиште „Гоце Делчев“ 🌸🐣Учениците од 1 до 9 одделение покажаа креативност, труд и посветеност, изработувајќи прекрасни велигденски украси, ракотворби и вкусни домашни производи. Базарот беше исполнет со насмевки, позитивна енергија и вистинска празнична атмосфера.
Голема благодарност до сите ученици, наставници и родители кои придонесоа овој настан да биде успешен и незаборавен 💛Нека празничниот дух продолжи да нè инспирира за добрина, заедништво и хуманост! Среќни Велигденски празници!