Следете нè на:

Вести и настани

Учество на нашите ученици на GLOBE Phenology Forum (Фенолошки форум)

Како дел од GLOBE мрежата на училишта, нашето училиште зеде учество и успешно се претстави во пролетната кампања на GLOBE Phenology Forum (Фенолошки форум).

На 04.06.2024 год.нашите ученици Ева Милошевска (VIIa одд.) и Софија Крстеска (VIIб одд.) под менторство на наставничката Билјана Георгиеска зедоа учество на вебинарот “Our Spring With Trees” (Нашата пролет со дрвјата) во кој го презентираа нашето истражување за влијанието на временските услови и глобалното затоплување врз разлистувањето на брезите во близина на нашето училиште.

На овој вебинар покрај нашето училиште, со презентации и видеа зедоа учество и ученици од Италија, Ирска, Хрватска Украина, Грузија ,Чешка, Словачка како и експерти од НАСА и универзитски професори од САД.

Продолжуваме и понатаму во есенската кампања. Прекрасно искуство и доживување за сите.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани