Работата и мотивацијата да се сака и да се негува македонскиот јазик и литература, се клучот за успех.
Нашите македонисти повторно меѓу најдобрите.
На Државниот натпревар по македонски јазик што се одржа на 01.06.2024 година во Филолошкиот факултет „Блаже Конески“- Скопје, нашите ученици заблескаа во вистинско светло и успешно го претставија нашето училиште достигнувајќи го врвот.
Ученичката Јована Пејовска од 9 одделение, под менторство на наставничката Весна Крстеска, освои ВТОРО МЕСТО!
Илија Јоноски, ученик во 8 одделение, под менторство на наставничката Мирјана Јованоска го освои ВТОРОТО МЕСТО!
Пофалници за успешно учество добија учениците: Јана Ристеска и Ема Илиовска, 6 одделение, под менторство на наставничката Билјана Јагуриноска; Ева Милошевска, Огнен Илиески, 7 одделение и Бисера Стојаноска, 9 одделение, под менторство на наставничката Весна Крстеска; Дарија Конеска, 8 одделение, под ментороство на наставничката Мирјана Јованоска.
Честитки за учениците и нивните менторки и уште многу поголеми успеси во иднина!