Вести и настани
Топло добредојде за нашите идни првачиња
Пред завршувањето на учебната година, учениците од нашето училиште им посакаа топло добредојде на идните првачиња – сегашни дечиња во Јоудг Наша Иднина – Делчев Гоце.
Им ги покажаа училниците во кои ќе учат и дел од просториите во нашето училиште и училишниот двор и со кратка музичка програма заедно со наставничкиот колегиум им посакавме среќен и успешен почеток на нивното образование!
Малку помали + малку поголеми = многубројни насмевки.