Вести и настани
Светскиот ден на детето
Учениците од нашето училиште од сите одделенија достојно го одбележаа светскиот ден на детето со безброј активности на полето на спортот, музичката и ликовната уметност, природните науки со пораки за среќно детство, квалитетно образование, здрава животна средина, поздрава иднина со надеж секое дете да расте во свет полн со љубов, смеа и можности. Да ги негуваме со грижа и љубезност. Да изградиме иднина каде секое дете ќе се чувствува безбедно, сакано и ценето.
Среќен ден на децата!