Вести и настани
Светски ден на менталното здравје
По повод Светскиот ден на менталното здравје, учениците од IV-а, IV-б, IV-в и IV-г одделение, заедно со стручната служба и наставниците, реализираа креативна и едукативна работилница на тема „Мапа на емоциите“.
Преку оваа активност, учениците ги препознаваа и именуваа своите емоции, ја развиваа емоционалната свесност и емпатијата и ја осознаа важноста на отвореното изразување на чувствата.