Вести и настани
Свеченост по повод 50 Државна изложба на детски ликовни творби
На свеченоста по повод 50 Државна изложба на детски ликовни творби на тема: „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“, која се одржа на 27 Мај, нашата ученичка Матеа Златареска од 9г одделение под менторство на наставникот Филип Перески беше наградена за ликовна творба!
Додека ликовните творби од ученичките Илина Мирческа 9в, Теодора Јорданоска 9г, Ања Јосифоска 9б и Ива Малинческа 2г со ментор Елизабета Трајкоска се дел од учеството во изложба на основните училишта и ученици и нивните творби беа изложени во домот на културата во Битола.
Преку боја, форма и симболика, децата изразија како ја доживуваат народната традиција – преку облеката, орнаментите, фолклорот, занаетите и секојдневниот живот на нашите предци. Изложбата претставува уникатна можност за посетителите да ја видат народната култура низ очите на најмладите уметници.