Вести и настани
Соработка со нашите родители
Во рамките на активностите за унапредување на соработката меѓу училиштето и родителите, во паралелката 5- а, беше реализиран час по музичко образование од страна на родителот Кире Гаралоски.
Со својата стручност, креативност и позитивна енергија, родителот им овозможи на учениците инспиративен пристап кон музиката. Часот беше динамичен, исполнет со активна работа, пеење и музички активности, при што учениците со голем интерес учествуваа.
Ваквите активности претставуваат пример за успешна соработка меѓу училиштето и семејството, што значајно придонесува за квалитетен воспитно-образовен процес.
Упатуваме искрена благодарност за одвоеното време, вложениот труд и поддршката!