Вести и настани
Силните жени можат да го променат светот!
По повод 8 Март, денот на жената, учениците од француската секција Млади франкофони имаа креативна работилница на која што изработија постер со инспиративни цитати на познати жени во светот. Силните жени се тие што го движат светот напред – тие се мајки, учителки, лидерки и пријателки кои секој ден инспирираат со својата сила и мудрост. Кога жените веруваат во себе, можат да ги надминат сите пречки и да донесат промени во општеството. Нивната решителност, знаење и добрина го прават светот подобро место.
Затоа, на 8 Март се потсетуваме дека силните жени навистина можат да го променат светот.