Вести и настани
Шестоодделенците со пораки за детската недела
Детската недела го слави правото на децата да уживаат во детството. Исто така тоа е време кога децата можат да ги покажат своите таленти, вештини и способности.
Под мотото “Јас и светот околу мене” на детската недела, учениците од шестите одделенија од нашето училиште под менторство на нивните класни раководители изработија прекрасно пано со детските права и обврски.
Децата се нашата иднина, нашата надеж за подобро утре.