Вести и настани

Седми Саем „Науката и јас“

Published on

Седми Саем „Науката и јас“ во ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп. Во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп, се одржа седмиот по ред Саем „Науката и јас“, во организација на компанијата Johnson Matthey.

Настанот претставуваше вистински празник на знаењето и љубопитноста, каде ученици од осум основни училишта од различни градови во Македонија ги презентираа своите научни вештини преку изведување интересни и едукативни експерименти.

На саемот учествуваа следните училишта со нивните ментори: – Училиште домаќин ООУ „ ќГоце Делчев “ – Прилеп , наставник ментор Кети Иваноска, Билјана Андрееска Георгиеска.- ООУ „Маршал Тито“ – Струмица, ментор: Анита Крстова- ООУ „Наум Фрашери“ – Куманово, ментор: Дафина Сулејмани- ООУ „Лазо Ангелевски“ – Аеродром, Скопје, ментори: Донка Митева, – ООУ „Даме Груев“ – с. Ерџелија (Св. Николе), ментор: Маја Давкова- ООУ „Шемшево“ – Јагуновце, ментор: Шадије Фетаи- ООУ „Симче Настевски“ – Вратница (Јагуновце), ментор: Шадије Фетаи- ООУ„ Гоце Делчев“- Виница ментор: Марија Џабирска.

Учениците преку експериментални демонстрации ги приближија научните поими до своите врсници, покажувајќи дека науката може да биде забавна, креативна и разбирлива.

Овој саем има за цел да го поттикне научното размислување кај децата, да ја развие нивната креативност и да ги охрабри да ја истражуваат природата на светот околу нив.

Благодарение на ваквите настани, младите ученици добиваат можност да се изразат, соработуваат и учат преку искуство.

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM