Вести и настани
Регионален натпревар по географија
На 05.04.2025 година (сабота) се одржа регионалниот натпревар по географија за ученици од VII, VIII и IX одделение.Нашето училиште беше домаќин на натпреварот каде што учествуваа ученици од повеќе општини од Прилепскиот регион (Прилеп, Долнени, Крушево, Македонски Брод и Кривогаштани). Натпреварот и тестирањето се одржа во коректна и позитивна атмосфера. Благодарност до учесниците и нивните ментори.
Нашите ученици ги постигнаа следниве резултати:
VII одд.Михаил Здравески – 97 поени – 1 место
VIII одд. Доријан Темелкоски – 97 поени – 3 место
IX одд. Никола Здравески – 92 поени – 2 место