Вести и настани
Прво место за есеј во категорија од 7-9 одделение
Љубовта кон македонскиот јазик е непроценлива и неизмерна. Се додека твориме на сопствениот јазик ќе го докажеме нашиот идентитет и културно наследство.
„Македонскиот јазик е симбол на припадност, историја и иднина. Јазикот е културно наследство што го носиме со гордост. Ние сме чувари на аманетот и на сопствениот идентитет.” – ова е само дел од есејот што го освои првото место на конкурсот за избор на најдобар есеј, кој беше наменет за ученици по повод 80 години од усвојувањето на македонскиот јазик како службен јазик организиран од МОН.
Од категоријата ученици од седмо до деветто одделение кои пишуваа на тема „Мојот македонски јазик – мој идентитет, културно наследство и аманет“, првото место го освои есејот на нашата ученичка Ива Јосифоска од осмо одделение.
Горди сме и имаме со што да го докажеме тоа.Ова нека биде поттик да се твори на својот мајчин јазик. Поттик за сегашните и идните генерации.
Честитки до првонаградената ученичка и менторот.