Вести и настани
Прво место на литературен конкурс
На литературниот конкурс за поетски творби на тема “Јазикот-чувар на македонската традиција”, организиран од ООУ “Блаже Конески” по повод Денот на училиштето, ученичката Михаела Димиќ од Va, под менторство на наставничката Христина Илиоска Јорданоска, го освои првото место!
Со својата оригиналност и искрена емоција, ученичката го докажа својот талент, труд и љубов кон пишаниот збор.