Вести и настани

Прво место на државниот натпревар по Информатика

Published on

И оваа учебна година учениците од нашето училиште под менторство на наставничката Летка Дојкоска активно беа вклучени во натпреварите по Информатика. Натпреварите ги организираше Здружението на Информатичарите на Македонија.

Ученикот Ненад Ризовски 7 одд. беше пофален на регионалниот натпревар по Информатика, а ученикот Михаил Ѓорѓиески 6 одд. го освои ПРВОТО МЕСТО и на Регионалниот и на Државниот натпревар по Информатика.
Учениците се натпреваруваа во областа „Програмирање во C++ “.

Како резултат на активното учество на натпреварите по Информатика, учениците од нашето училиште имаат можност да навлезат во тајните на програмирањето и на тој начин да се создаде една одлична подлога за една перспективна професија, како во Македонија, така и во светот.

Честитки за постигнатиот успех и многу успеси во иднина! 😊

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM