Вести и настани
Програма за првачињата
Учениците од четвртите одделенија за првачињата од нашето училиште подготвија пригодна програма во Детската недела под мотото „Другарството е дел од детската среќа“.
Програмата беше проследена во весела атмосфера и бурни ракоплескања од присутните ученици од првите одделенија како и нивните родители и родителите на учениците учесници во програмата.
Во активностите за Детската недела првачињата беа израдувани и со пригодни подароци подготвени од училиштето кои им ги подели ВД Директорката од нашето училиште Снежана Котева.