Вести и настани
Прекрасна презентација на часот по Општество
Учениците од II г одделение на часот по Општество имаа можност да се запознаат со знаковниот јазик, односно јазикот на лицата со оштетен слух.
Во посета на учениците беше Јован Малинчески кој на итересен начин им доближа на учениците дека и луѓето со оштетен слух имаат говор или јазик со кој можат да се разберат.
На овој час учениците стекнаа сознанија дека различностите треба да се почитуваат и дека на секого треба да се даде помош и поддршка.