Вести и настани
Постигнат извонреден успех на ликовниот конкурс „Уметност од семиња-славење на биодиверзитетот“
Со голема радост и гордост споделуваме дека нашите ученици постигнаа извонреден успех на ликовниот конкурс „Уметност од семиња-славење на биодиверзитетот“, организиран по повод 26 Јануари-Денот на зачувување на семињата и биодиверзитетот, од страна на Slow food Македонија.
Со својата креативност, оригиналност и љубов кон природата, тие покажаа дека уметноста може да биде силна порака за зачувување на биодиверзитетот. Горди сме на нивниот успех и им честитаме за вложениот труд!