Вести и настани

Посета на метеоролошката станица во Прилеп

Published on

Учениците од четвртите одделенија од нашето училиште беа во посета на Метеоролошката станица Прилеп.

На часовите по Природни науки учениците учеа за време, клима и метеоролошки инструменти. Оваа посета им послужи да ги прошират и проверат своите знаења. Посетата на метеоролошката станица беше извонредна можност учениците да ја разберат важната улога на метеоролошката институција во предвидување на времето и безбедноста на луѓето.

Голема благодарност до метеорологот кој не водеше низ посетата и ни одговори на сите прашања.

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM