Вести и настани
Посета на локалната самоуправа
Учениците од четвртите одделенија од нашето училиште беа во посета на Општина Прилеп и Градоначалникот Г-дин Борче Јовчески.
Посетата на учениците е во рамките на годишната програма по предметот Историја и општество, каде учениците учат за надлежностите на Локалната самоуправа, градоначалникот, општината и нејзините симболи.
На средбата со градоначалникот, учениците поставуваа прашања за се што ги интересираше во врска со неговите обврски и работата на Општината. На тој начин ги утврдија и продлабочија стекнатите знаења од темата „СРЕДИНАТА ВО КОЈА ЖИВЕАМ“.