Вести и настани

Посета на идни првачиња во училиштето

Published on

Децата од големата група од детската градинка „Наша иднина“- „Гоце Делчев“ – Прилеп го посетија нашето училиште. Со радост беа дочекани од првачињата кои им приредија весела програма со литературни и музичко сценски изведби. Малите гостинчиња го разгледаа училиштето, а посебно училниците во кои се одвива наставата. Со љубопитност се запознаваа со начините и ресурсите кои се користат за учење и настава преку објаснувањата на наставничките од нашите првачиња.

Тие, исто така ги посетија просториите од продолжениот престој во кој престојуваат ученици по завршувањето на часовите каде се реализираат повеќе активности меѓу кои решавање на домашните задачи и други рекреативни активности во слободното време.

Директорката од нашето училиште им подари пригодни подароци во чест на овој ден кога ни беа драги гости во нашето училиште.

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM