Вести и настани

Посета на Градската Библиотека

Published on

На ден 11.03.2025 год. учениците од VIII – а, VIII – в и IX – г одделение кои што го изучуваат предметот “Нашата татковина” ја посетија Градска Библиотека “Борка Талески”.

Ги продлабочија своите знаења за библиотеката, библиотекарството, литературата, поезијата и пишаниот збор, како и за културно-историските знаменитости на градот Прилеп и значењето на литературата во културата на едно општество и нација.

Предводени од нивните наставници по географија Христијан Граороски и Анита Волческа Велеска, ја почувствуваа моќта на 120 илјади дела, огромен број на ракописи, уметност, историја, домашна култура и безвременски вредности собрани на едно место.

Не почестија со кратки поетски рецитали и голема љубопитност која продолжува да расти. Голема благодарност до персоналот на библиотеката за несебичната помош и презентација.

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM