Вести и настани
Посета на археолошката поставка при Завод и музеј – Прилеп
Учениците од VI одделение предводени од наставниците по историја и општество – Величе Лесноска и Александар Секулоски ја посетија археолошката поставка при Завод и музеј – Прилеп.
За време на посетата имаа можност да ги разгледаат експонатите од праисторискиот и античкиот период, како и да се запознаат со богатото културно наследство на прилепскиот регион.
Преку стручните објаснувања од кустосот, учениците научија како археолозите ги откриваат и проучуваат старите предмети и што тие ни откриваат за животот на луѓето во минатото. Посетата беше едукативна и поттикна интерес кај учениците за историјата и археологијата.