Вести и настани

Петтоодделенците во посета на нашите херои по повод Денот на пожарникарите

Published on

По повод 20 Мај – Денот на пожарникарите, учениците од петто одделение имаа извонредна можност да бидат дел од настанот организиран на градскиот плоштад „Методија Андонов-Ченто“. За време на оваа посета, нашите ученици:Ја разгледаа современата опрема и противпожарните возила кои секојдневно се користат за спасување човечки животи.

Следеа возбудлива показна вежба, преку која пожарникарите ја демонстрираа својата брзина, подготвеност и професионализам при справување со пожари и вонредни ситуации. Разговараа со пожарникарите и научија важни лекции за превенција, како да реагираат во случај на опасност и кој е бројот што спасува животи.

Им го честитаме Денот на пожарникарите и им посакуваме што помалку интервенции, а повеќе вакви убави дружења со најмладите.

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM