Вести и настани

Општинско првенство во шах за основните училишта

Published on

Во организација на Сојузот на училишен спорт на Општина Прилеп и Шаховскиот клуб Прилеп на 19.11.2025год. во ООУ „Гоце Делчев“ Прилеп се одржа Општинско првенство во шах за основните училишта од нашата општина.

Шаховските вештини во две категории екипно и тоа од I-V одд. и од VI -IX одд.ги покажаа педесетина учесници.

Најдобри во категоријата од I-V одд беа учениците од ООУ „Климент Охридски“ пред ООУ „Кочо Рацин“ и ООУ „Кире Гаврилоски“. Додека во категоријата од VI – IX одд. победија учениците ООУ „Гоце Делчев“ пред ООУ „Кочо Рацин“ и ООУ „Климент Охридски“.

Посебно честитки за нашиот тим: Симона Ѓорѓиеска 9 одделение, Ѓорѓи Ѓорѓиоски 8 одделение, Матеј Ѓорѓиески 8 одделение и Горазд Димитриески 8 одделение!

Честитки за најдобрите и за сите што учествуваа на овој шаховски турнир.

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM