Вести и настани

Општински натпревари по хемија

Published on

На 23-ти февруари се реализираа општинските натпревари по хемија за учениците од основните училишта во Македонија во организација на Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН). Предводени од наставник-ментор м-р Кети Иваноска на натпреварот учествуваа осум ученици кои постигнаа високи резултати и сите си обезбедија пласман на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 12 Април.

Наградени ученици од осмо одделение:

Марта Шаркоска и Никола Здравески освоена трета награда!

Дора Алексоска и Теона Анеска пофалница за успешно учество.

Наградени ученици од деветто одделение:

Јована Пејовска, Теодора Ѓорѓиеска, Тамара Николоска и Теодора Тасеска освоена втора награда.

Ученичката Матеа Танева која на минатогодишниот Државен натпревар освои прва награда се стекна со директен пласман на регионалниот натпревар!

Честитки млади хемичари, ви посакуваме уште поголем успех и на регионалниот натпревар!

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM