Вести и настани
Одбележување на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
Преку училишниот разглас, го одбележавме значајниот празник 23 Октомври, ден кога во 1893 година во Солун беше формирана Тајната македонско-одринска револуционерна организација – ВМРО.
Информативен и инспиративен реферат за значењето на овој ден подготви историчарот Александар Секулоски, а во одбележувањето активно се вклучија и учениците од I до V одделение во организација на одделенските наставници Трајче Каралиоски и Соња Ранчанова Димкоски, кои со гордост и љубов кон татковината ги пренесоа пораките за слободата, борбата и иднината на Македонија.