Вести и настани
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 153 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ!
По повод 153 години од раѓањето на Гоце Делчев, еден од најзначајните македонски револуционери, идеолог и визионер, нашето училиште оддаде почит на неговото бесмртно дело.
Свежо цвеќе положија и се поклонија пред бистата на Гоце Делчев во училишниот двор: Делегација од Општина Прилеп, директорката на училиштето Снежана Котева и претставници од стручната служба, претставници од политички партии, претставници од Сојузот на борци и ученици претставници од Ученичкиот парламент. Со реферат и пригодна програма се одбележа денот на раѓањето на нашиот патрон Гоце Делчев и во училиштето.
Со својата борба за слобода Гоце Делчев останува светол пример за непокорот, единството и љубовта кон татковината. Неговата жртва и идеали се темел на македонската борба за самостојност и независност, а неговите зборови и дела сè уште горат како факел во срцата на Македонците.
Нека му е вечна слава на великанот.