Вести и настани
„Од неговиот сон до нашиот лет е мотото“
Со гордост и голема радост, на 04.05.2026 година, во просториите на НУЦК „Марко Цепенков“, учениците од ООУ „Гоце Делчев“ Прилеп од I до IX одделение, заедно со своите ментори, реализираа пригодна програма по повод патрониот празник.
Преку песна, игра, драмски изведби и креативни настапи, учениците ја оживеаја визијата, идеалите и делото на нашиот патрон, претворајќи го неговиот сон во наш заеднички лет.
#ООУГоцеДелчев#ПатронПразник#Прилеп#ГордиУченици#НашЛет