Вести и настани
Новогодишни подароци и новогодишна приредба
Која е главната работа за Нова година, освен елката и Дедо Мраз?
Се разбира, тие се подароците. Децата со нетрпение ги очекуваат и бескрајно им се радуваат. Најмладите ученици од нашето училиште, првачињата, добија новогодишни пакетчиња од Градоначалникот на нашата Општина Борче Јовчески.
Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници нашите првачиња водени од своите одделенски раководители подготвија прекрасна приредба со разновидни изведби – рецитации, песнички, музичко-сценски изведби.
Со новогодишно украсени облеки го надополнија новогодишниот празничен декор околу нив. Веселата атмосфера ја поддржаа родителите и другите присутни гости на програмата, а новогодишната програма беше збогатена со настапот на училишниот оркестар.