Вести и настани

Нови успеси на нашите мали научници!

Published on

Регионалните натпревари по природни науки се одржаа во петокот на 5. април 2024 година.

На натпреварот учествуваа ученици од четврто и петто одделение кои го покажаа своето знаење и се закитија со многу награди како и пласман на 9-от Државен натпревар по природни науки кој ќе се одржи на 15 јуни на ПМФ.

Наградени ученици од IV одделение:Даријан Танев Андреа ИваноскаДино Митрески освоија ВТОРА награда и пласман на Државниот натпревар. Нивниот ментор е наставничката Даниела Котеска.

Дарија Цуцуловска освои ВТОРА награда и пласман на Државниот натпревар. Бисера Тасеска и Анастасија Кочоски освоија ТРЕТА награда, ментор Жаклина Ристеска.

Под менторство на наставничката Марија Томески ученичката Дарија Стојаноска освои ТРЕТА награда.

Ана Марија Ангелеска освои ТРЕТА награда, ментор Христина Момироска.

Наградени ученици од V одделение:Андреј Велевачкоски Матеј Трајкоски – ПРВА награда Ива Митреска – ВТОРА награда и пласман на Државниот натпревар. Софија Ѓорѓиеска и Доријан Трајковски – пофалница. Ментор м-р Кети Иваноска.

Бранкица Василеска освои ВТОРА награда, под менторство на наставничката Билјана А. Георгиеска.

Честитки мали научници! Ви посакуваме поголеми успеси на Државниот натпревар.

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM