Вести и настани

Нови победи на нашите хемичари

Published on

На 24 февруари се реализираа општинските натпревари по хемија за учениците од основните училишта во Македонија во организација на Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН).

Предводени од наставник-ментор м-р Кети Иваноска на натпреварот учествуваа тринаесет ученици кои постигнаа високи резултати и си обезбедија пласман на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 6 мај.

Наградени ученици од осмо одделение: Матеа Танева прва награда, Марко Марковиќ втора награда, Теодора Ѓорѓиеска втора награда, Михајло Обрадовиќ втора наградаТеодора Тасеска втора награда, Невена Цветкоска пофалница за успешно учество, Марко Блажески пофалница за успешно учество, Јана Пејоска сертификат за учество.

Наградени ученици од деветто одделение: Емили Иваноска прва награда, Софија Димитриеска прва наградa, Теодора Крстеска награда прва награда, Михаил Ѓорѓиески втора награда, Јана Василеска втора награда.

Честитки млади хемичари, ви посакуваме уште поголем успех и на регионалниот натпревар!

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM