Вести и настани
„Ноември – месец на науката“
Почитувани ученици, наставници и родители,
Со големо задоволство ве информираме дека нашето училиште успешно учествуваше на овогодишната манифестација за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“, која традиционално се организира од страна на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Природно-математичкиот факултет – Скопје (ПМФ).
Во организацијата активно учествуваа и: Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на математичарите на Македонија (СММ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Македонско астрономско друштво (МАД) и Скопско астрономско друштво (САД).
Настанот беше наменет за ученици од основните и средните училишта, како и за наставниците по природните науки – математика, биологија, хемија и географија. Годинешното издание се одржа на 22 ноември 2025 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде учениците имаа можност да презентираат експерименти, истражувања и иновативни идеи од различни научни области.
Со особена чест и гордост ги истакнуваме постигнувањата на нашите ученици, кои со својот труд, знаење и креативност освоија многу награди!
Наградени ученици – Природни науки VI одделение • Андреа Иваноска – Втора награда (Природни науки);
Наградени ученици по Хемија IX одделение • Лука Атанасоски – Втора награда • Ева Милошевска – Трета награда – VIII одделение • Михаил Здравески – Прва награда • Горазд Димитриески – Втора награда • Ѓорѓи Ѓорѓиески – Втора награда • Стефан Ѓорѓиоски – Трета награда, VII одделение • Матеј Трајкоски – Втора награда • Андреј Велевачкоски – Трета награда.
Училиштето упатува искрени честитки до сите наградени ученици, нивниот ментор м-р Кети Иваноска и родителите кои им даваат поддршка. Гордоста е уште поголема затоа што учениците го претставија нашето училиште со извонредна научна љубопитност, дисциплина и истражувачки дух.
Продолжуваме да ја поттикнуваме љубовта кон науката и иновативното размислување кај сите ученици.