Вести и настани
Нашите вредни математичари
Уште еден успешен натпревар за нашите математичари.
На Регионалниот натпревар по математика кој се одржа на 04.03.2023 год. во ООУ “Кочо Рацин” – Прилеп, нашите ученици освоија одлични резултати.
Им честитаме и нив и на нивните ментори и им посакуваме уште многу успеси во иднина.