Вести и настани
Награди за нашите литературни творци
Честитки за учениците од ООУ “Гоце Делчев” кои на конкурсот за “8 Март” распишан од страна на Клубот на литературни творци-Прилеп зедоа учество.
Сите ученици добија благодарници, а наградени се учениците:
1 – ва награда за Михаил Забрчанец 7 одделение, ментор: Билјана Јагуриноска;
2 – ра награда за Матеј Трајкоски 9 одделение, ментор: Весна Крстеска;
3 – та награда за Марта Шаркоска 8 одделение, ментор: Мирјана Јованоска;
Доделувањето на наградите не можеше да се случи на поубав ден – 21 Март ден на поезијата, па со убавите поетски творби го прославивме и одбележавме овој ден.
Уште еднаш честитки до сите учесници на конкурсот, а посебно до наградените со желби за понатамошно творење и идни успеси.