Вести и настани

Наградени за постигнувања во државни и меѓународни натпревари

Published on

Во рамките на реализацијата на програмата за работа со надарени и талентирани ученици во нашето училиште очекувани ефекти од реализацијата на оваа програма се: поддршка на напредокот на надарени и талентирани ученици, унапредување на пристапот во работата со учениците, овозможување на индивидуален напредок во согласност со надареноста или талентираноста, развивање на позитивен став кај учениците кон откривање на нови области за учење и за проширување на своите интереси.

Горди на постигнувањата на нашите ученици на државни и меѓународни натпревари во учебната година по голем број различни наставни предмети, учениците и нивните ментори беа наградени и со еднодневен излет до Охрид од страна на училиштето каде поминаа прекрасни моменти во зедничко дружење, запознавање со знаменитостите во градот како и рекреативни прошетки во Охрид и Охридското езеро.

Почитувани ученици, бидете и понатаму дел од патот кон прогресот, сега и во иднина!

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM