Вести и настани

Младите франкофони од нашето училиште со нови успеси

Published on

И оваа учебна година, Младите франкофони од нашето училиште под менторство на наставничката Ирена Наумоска покажаа високи резултати на натпреварите по француски јазик организирани од страна на Здружението на професори по француски јазик во Р. Македонија и од Француски Институт во Скопје.

Ученикот Никола Здравески освои 3 место на регионалниот натпревар по француски јазик за 8 одд. Олимпијади – 2024 што се одржа на 22.03.2024 година во ООУ “Даме Груев” во Битола и беше рангиран меѓу најдобрите шест ученици на државниот натпревар што се одржа на 30.03.2024 год. на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје.

Исто така ученичките од седмо одделение Илина Ризовска, Бисера Димоска, Стефанија Попоска и Марија Николова имаа успешно учество на натпреварот по Изразно читање на француски јазик организиран од страна на Француски Институт-Скопје со што ги покажаа своите знаења за правилен изговор и дикција при читање на текст на француски јазик.

Честитки за сите!

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM