Вести и настани

Меѓународна олимпијада по англиски јазик HIPPO 2025

Published on

Голема чест беше да се учествува на овогодишната Меѓународна олимпијада по англиски јазик HIPPO 2025, Европски квалификации за Светско првенство, која се одржа во Италија (Венеција) од 26 до 28 мај.

Овој пат во зголемен број, заблескаа нашите ученици кои достојно го претставија нашето училиште “Гоце Делчев”.

категоријата Hippo 1 Дариа Цуцуловска од Vв ментор доц д-р Марија Дулевска и Касијана Трајкоска од VIа во ментор Благица Чатлеска Категоријата Hippo 2 Мартин Бошкоски од VIIв ментор доц д-р Марија Дулевска Ученичката Кириана Спиркоска од Iг под ментор Матеја Велјановска Спиркоска освои директен пласман во светското финале на Hippo-English Without Borders кое ќе се одржи во Асиси, Италија.

На овој престижен натпревар учениците имаа можност да ги прошират своите знаења по англиски јазик и да стекнат нови познанства со ученици од многу европски земји.

Задоволство и чест беше да се присуствува на овој натпревар кој претставува дополнителен поттик и мотивација за понатамошни уште поголеми залагања и вложувања.

Уште едно големо БРАВО за нашите ученици кои се нашата гордост!

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM