Вести и настани

Меѓународен ден на математиката – Денот на Пи

Published on

Пи (грчката буква „π“) е симболот што се користи во математиката за да претставува константа – односот на периметарот на кругот со неговиот дијаметар – што е приближно 3,14159.

По тој повод Меѓународниот ден на математиката – Денот на Пи кој се слави на 14 март (3/14) беше одбележан со низа активности од страна на младите математичари од VII и VIII одделение под менторство на наставничките по математика Билјана Попоска Филипова и Емилија Николоска.

Додека пак, младите физичари под менторство на наставничката по физика Милена Димитриеска и учениците од IV г одделение заедно со наставничката Даниела Наумоска го одбележаа Пи денот и роденденот на еден од најголемите умови Алберт Ајнштајн.

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM