Вести и настани
Меѓународен ден на мајчиниот јазик
Петок 21 февруари беше одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во нашето училиште со низа активности.
Учениците од четвртите и шестите одделенија преку јазични игри, факти за јазиците во светот и најважни моменти и датуми за нашиот мајчин јазик, се забавуваа, учеа и направија постери со кои го прославивме Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.