Вести и настани
Меѓународен ден на мајчиниот јазик
“Милоста кон мајчиниот јазик е наш долг и наше право. Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, затоа што тој е наш, како што е наша татковината.
Првите гласови што ги имаме слушнато се гласовите на нашите татковци и мајки, гласовите и зборовите на нивниот мајчин јазик. Преку нив ние сме ја добиле нашата прва духовна храна…” – Крсте Петков Мисирков.
Во светот постојат од 6000 до 7000 различни јазици. Секој јазик е нечиј мајчин јазик.“Да му го земеш јазикот на народот, тоа значи да му ја земеш душата” – Кочо Рацин. Сакајќи си го својот јазик, ќе ги сакаме и почитуваме и другите јазици.
Да го негуваме нашиот јазик со тоа што ќе го научиме!
Во нашето училиште овој ден се одбележа со низа активности.
Нека е честит и вечен Меѓународниот ден на мајчиниот јазик!!!